• петок, 22 ноември 2024

Американскиот Сенат одобри продолжување на програмата за електронски и телефонски надзор во странство

Американскиот Сенат одобри продолжување на програмата за електронски и телефонски надзор во странство

Вашингтон, 20 април 2024 (МИА) - Американскиот Сенат денеска го одобри продолжувањето на програмата за електронски и телефонски надзор во странство, која ја користат од американските разузнавачки служби, но таа е критикувана од организациите кои ја бранат приватноста и слободата.

Белата куќа го поздрави проширувањето на програмата, „една од најважните алатки за собирање разузнавачки информации во САД“, и најави дека претседателот Џозеф Бајден брзо ќе потпише закон за тоа.

Во прашање е членот 702 од Законот за странски надзор, кој им дозволува на американските разузнавачки агенции да спроведуваат програми за електронски или телефонски надзор без потребно барање судски налог.

Програмата посебно цели на не-американците во странство, а можен е и надзор на е-пошта.

Организациите кои ја бранат приватноста и слободата остро го осудуваат текстот.

Законот за тоа беше усвоен во Претставничкиот дом пред една недела, но продолжувањето на неговата важност беше предмет на жестоки дебати. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан