• понеделник, 23 декември 2024

Американскиот Конгрес ќе одржи сослушувања за тврдењата за вонземски живот

Американскиот Конгрес ќе одржи сослушувања за тврдењата за вонземски живот

Вашингтон, 26 јули 2023 (МИА) - Комитетот при американскиот Претставнички дом денеска ќе го одржи сослушувањето тврдењата за постоење вонземски живот, односно тврдења за неидентификувани летечки објекти (НЛО) или како што сега се нарекува, неидентификувани летечки фенонеми (НЛФ).

Во 16 часот по македонско време, пред конгресната комисија, републиканските конгресмени кои го водат сослушувањето ќе чујат сведочења на лица, меѓу кои разузнавачи и команданти, кои тврдат дека имаат докази дека американската војска одамна знаела за постоење на вонземјани и/или суштества од алтернативни димензии.

Конгресот ќе го слушне сведочењето на Дејвид Груш, поранешен разузнавач на Министерството за одбрана, човек кој работел во специјална единица за проучување на неидентификувани летечки објекти и кој во јуни изјави дека американската влада со децении крие од јавноста дека поседува дури и целосно недопрени авиони од „егзотично потекло“. Тој вели дека луѓето се обидуваат да ја реконструираат оваа технологија веќе седум децении, но таа е толку напредна што човештвото не би имало никакви шанси доколку некои евентуално агресивни видови би насочиле кон Земјата.

Во Конгресот ќе сведочи и Рајан Грејвс, извршен директор на организацијата наречена „Americans for Safe Aerospace“, чија цел е да собира информации од луѓе кои наводно биле сведоци на НЛО, и Дејвид Фрејвор, поранешен командант на елитната морнарица Black Aces

Ова многу сериозно сослушување пред Конгресот во живо ќе го пренесуваат одредени светски агенции, а интерес искажуваат и оние кои не се заинтересирани за уфологијата, туку за националната безбедност на СAД. ссм/зш

фото: архива

Остани поврзан