• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Американска разузнавачка агенција предупреди дека Кина се обидува да врбува државни службеници

Американска разузнавачка агенција предупреди дека Кина се обидува да врбува државни службеници

Вашингтон, 9 април 2025 (МИА) – САД предупредија дека кинеското разузнавање користи измамнички методи за регрутирање сегашни и поранешни функционери на американската влада.

Предупредувањето од Националниот центар за контраразузнавање и безбедност (НЦЦС) доаѓа во време на масовни отпуштања во федералната администрација, што ги спроведува Одделот за ефикасност на владата, на чело со Илон Маск.

- Странските разузнавачки субјекти, особено оние во Кина, ги таргетираат сегашните и поранешните вработени во американската влада за регрутирање, претставувајќи се како консултантски фирми, корпоративни работодавци, тинк-тенкови и други ентитети на социјалните и професионалните веб-страници, се вели во билтенот на центарот.

Според НЦЦС, лажните онлајн понуди за работа и други пристапи станале пософистицирани во таргетирањето на поединци со искуство во американската влада кои бараат нова работа. Институцијата ги предупреди сегашните и поранешните федерални вработени за ваквите пристапи.

Центарот додаде дека од оние кои имаат дозвола за пристап до класифицирани информации се бара да ги заштитат доверливите податоци и откако ќе си заминат од федералната служба.

Кинеската амбасада во Вашингтон не одговорила на барањето за коментар за тврдењата. јт/

Фото: Национален центар за контраразузнавање и безбедност на Фејсбук

Остани поврзан