• петок, 20 декември 2024

Американската федерална управа за авијација бара милионска парична казна за Јунајтед ерлајнс

Американската федерална управа за авијација бара милионска парична казна за Јунајтед ерлајнс

Вашингтон, 6 февруари 2023 (МИА) – Американската федерална администрација за авијација (ФАА) денеска соопшти дека предлага да се казни Јунајтед ерлајнс со 1,1 милион долари за наводно извршување на летови на Боинг 777 без задолжителни проверки на системот за предупредување за пожар пред лет.

ФАА соопшти дека се верува оти Јунајтед ерлајнс оперирала повеќе од 102.000 летови со Боинг 777 помеѓу јуни 2018 и април 2021 година, кои не ги исполнувале барањата за летање во САД во период од приближно 1.025 дена.

За тоа време, компанијата со седиште во Чикаго ја отстранила проверката на системот за предупредување за пожар од својата листа за проверки пред лет на Боинг 777. јт/

Остани поврзан