• понеделник, 01 јули 2024

Американскиот трап артист „Lil Pump“ на вториот ден од Д Фестивалот

Американскиот трап артист „Lil Pump“ на вториот ден од Д Фестивалот

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) - Во рамките на вториот ден од Д Фестивалот, вечерва за првпат во Дојран ќе настапи американскиот трап артист „Lil Pump“. Како што најавија организаторите, на „mosquito“ бината вечерва ќе настапат холандската група „YĪN YĪN“, српската хип - хоп група „Bad Copy“, а од македонската нова андерграунд сцена ќе настапат „Вагина Корпорација“.

Покрај „Lil Pump“, на главната сцена вечерва ќе настапат и „Peach Vice“, „Sanatorium“, LD Pistolero и DJ Goce, „Flooder“ и „Hot since 82“.

-Илјадници луѓе, илјадници кампери сликите говорат за атмосферата на првиот ден од Д Фестивал. Нѐ очекуваат уште повеќе посетители и публика на вториот ден! Панел дискусии, стенд ап, квизови, тетовирање, цртање со хена, читање на тарот карти, возење на кајак, се само дел од активности и на вториот фестивалски ден, најавуваат од Фестивалот.

Д Фестивалот 2024 беше отворен синоќа во Дојран, а официјално ќе заврши на 30 јуни. бт/аа/

Фото: Ана Павловска, плакат

Остани поврзан