• петок, 22 ноември 2024

Американската потпретседателка Харис ја започнува посетата на Африка

Американската потпретседателка Харис ја започнува посетата на Африка

Вашингтон, 26 март 2023 (МИА) - Потпретседателката на САД Камала Харис ќе отпатува во својата прва посета на Африка, а предвидено е да ги посети Гана, Танзанија и Замбија.

Потпретседателката Харис ќе се сретне со африкански лидери, деловни луѓе и претставници на граѓанското општество заради продлабочување на дипломатските односи и унапредување на економската соработка.

Харис денеска треба да пристигне во Акра, главниот град на Гана, а потоа ќе ги посети Дар ес Салам и Лусака.

Од почетокот на оваа година африканскиот континент го посетија и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, сопругата на претседателот Џо Бајден - Џил Бајден и постојаната претставничка на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд. ссм/

Остани поврзан