• понеделник, 23 декември 2024

Американец го клонирал своето куче и доби четири миленичиња

Американец го клонирал своето куче и доби четири миленичиња
Лос Анџелес, 7 март 2022 (МИА) - Еден њујорчанец го клонирал својот сакан француски булдог, па добил четири слични кучиња, со кои „среќно живее во својот дом“, пишува „Њујорк пост“ (New York Post). Роберто Ново (62), инаку фризер, раскажува дека го засакал миленичето уште кога било мало и на илог во продавницата. Го нарекол Мачито. Биле неразделни, а кога кучето навршило 12 години, човекот посакал да го клонира своето домашно милениче. Тој се обратил до компанија за клонирање кучиња и дал примерокот на ДНК на Мачито. Две години подоцна кучето угинало и Ново решил да продолжи со клонирањето. Постапката чинела 50.000 долари, но Ново ја немал таа сума, па решил да ја продаде примерокот слика со пеперутка на уметникот Енди Ворхол, којашто висела на неговиот ѕид. - Убаво беше да се види тоа убаво нешто на мојот ѕид, но тоа не можеше да ми ја даде љубовта што ми недостигаше, објасни Ново. Откако ги собрал парите, Американецот го платил клонирањето и ги чекал резултатите. По некое време му се јавиле и му рекле дека процедурата е успешна. Тој сега има не едно здраво кученце француски булдог, туку четири - клонираните Мачиту, Тулула и нивните деца, кои ги нарече Фајзер и Модерна. Претходно беше објавено дека 6-годишно куче чивава по име Миракл Мили било клонирано 49 пати - научниците сакале да откријат зошто е толку мало.  си/

Остани поврзан