• понеделник, 23 декември 2024

Амбер Херд поднесе жалба против пресудата во полза на Деп

Амбер Херд поднесе жалба против пресудата во полза на Деп

Лос Анџелес, 14 октомври 2022 (МИА) - Амбер Хард поднесе жалба од 16 точки против пресудата со која ѝ се наложува на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп да му плати 15 милиони долари за клевета. Адвокатите сметаат дека немало „доволно јасни докази за зла намера“, што е еден од предусловите што мора да се задоволат за некој да биде осуден за клевета.

Судот наложи и Деп да ѝ плати на Хард два милиони долари, исто така, за клевета, па глумицата и нејзиниот правен тим се жалат дека таа отштета е „неприфатливо недоследна“. Се жалат и на местото во САД каде што се тужени бидејќи сметаат дека тоа треба да се премести на „соодветното место“ на Флорида. Тимот на Деп настојуваше судењето да се одржи во Ферфакс, Вирџинија, бидејќи таму беше отпечатен весникот „Вашингтон пост“, каде што Хард ги наведе сведоштвата за наводна злоупотреба. Главната жалба е во тоа што адвокатите сметаат дека судот погрешил што му дозволил на Деп да добие отштета врз основа и на претходни изјави на Хард. Тврдат дека нејзе требало да ѝ се суди само за написот во „Вашингтон пост“, каде што „Хард никаде не го спомнува Деп по име“, па сметаат - така немало основа тој да го добие случајот на суд.  си/сд/

Остани поврзан