• среда, 27 ноември 2024

Амбасадорот на Црна Гора, Миљаниќ во Струмица на средба со градоначалникот Костадинов

Амбасадорот на Црна Гора, Миљаниќ во Струмица на средба со градоначалникот Костадинов

Струмица, 16 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов денеска беше домаќин на амбасадарот на Црна Гора во нашата земја, Зоран Миљаниќ, информираа од Општината.

Костадинов му посакал на Миљаниќ упешна дипломатска мисија како новоименуван амбасадор во нашата држава од пред еден месец, а гостинот покажал посебен интерес за Струмица.

- Со задоволство му ги презентирав капацитетите и можностите коишто Струмица ја прават посебна и различна од останатите општини во државата и регионот, особено со воведувањето на целосно електричен јавен превоз. Разговаравме и за соработката меѓу двете држави и како да ја зајакнеме и на локално ниво затоа што таква желба има и од двата народа кои имаат многу заеднички интереси, взаемно почитување и искрено пријателство, стои во пренесената изјава на Костадинов. рт/цр

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан