• недела, 24 ноември 2024

Амбасадорот на САД во ОН ги поздрави Американците по повод Денот на укинувањето на ропството

Амбасадорот на САД во ОН ги поздрави Американците по повод Денот на укинувањето на ропството

Вашингтон, 19 јуни 2024 (МИА) - Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, испрати честитки до Американците по повод Џунтин (Juneteenth), Ден на ослободување од ропството, празник што ги слави крајот на Граѓанската војна и укинувањето на ропството во Америка.

Амбасадорот истакна дека на овој ден САД ја слават слободата, наследството и влогот на Афроамериканците во американското општество.

-Но Џунтин не е само празник, тоа е признание на цврстината, силата и непомирливиот дух на Афроамериканците, кои во текот на многу генерации се бореле и победувале за правда и еднаквост, истакна таа.

Томас-Гринфилд подвлече дека ОН продолжуваат да настапуваат со заштита на правата и достоинството на сите луѓе но дека борбата со расизмот, дискриминацијата и омразата се уште не е завршена.

-Славејќи го Џунтин, Соединетите Држави ги потврдуваат своите заложби за заштита на човековите права и создавање на инклузивни општества во кои можат да просперираат сите, независно од расата, етничкото потекло или националноста, изјави таа. кб/

Остани поврзан