• вторник, 03 февруари 2026

Амбасадорот на Италија во работна посета на Кавадарци

Амбасадорот на Италија во работна посета на Кавадарци

Кавадарци, 26 јануари 2026 (МИА) - Амбасадорот на Италија во земјава, Паоло Палминтери, денеска беше во работна посета на општина Кавадарци. Во рамки на неговата посета, италијанскиот амбасадор имаше средба со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Како што информираше градоначалникот, на работниот состанок се разговарало за можностите за унапредување и зголемување на економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Италија, при што Општина Кавадарци ќе даде свој локален придонес во овој процес.

- Беше договорено дел од кавадаречките компании да земат учество на бизнис-форум што ќе го организира Италијанската амбасада, заедно со италијански компании од винскиот сектор, сподели Јанчев.

Градоначалникот потсети дека ова претставува прва официјална посета на амбасадорот на Италија на општина Кавадарци. Според Јанчев, станува збор за значаен чекор кон продлабочување на меѓународната соработка. свд/са/

Фото: МИА 

Остани поврзан