• недела, 22 декември 2024

Амбасада на САД: Сецесионистичките активности во РС се закана за инвеститорите

Амбасада на САД: Сецесионистичките активности во РС се закана за инвеститорите

Сараево, 12 август 2024 (МИА) - Амбасадата на САД во Босна и Херцеговина продолжи со критиките кон властите во Република Српска (РС), овој пат во врска со неуставното преземање на државната сопственост и соработката со санкционирани фирми. Амбасадата особено го истакна ризикот за инвеститорите.

„Потенцијалните инвеститори треба да бидат свесни за правните ризици и да избегнуваат изложеност на санкции од САД. Особено во РС, каде сецесионистичките активности и обидите за преземање на државната сопственост создаваат сложена правна ситуација,“ се наведува во соопштението.

Амбасадата советува инвеститорите да побараат правни совети во врска со одлуките на Уставниот суд на БиХ од јули 2024 година, кои забрануваат какво било располагање со државната сопственост. ссм/

фото: архива

Остани поврзан