• петок, 05 декември 2025

Амбасадата на САД во Ерусалим не е во можност да ги евакуира Американците од Израел

Амбасадата на САД во Ерусалим не е во можност да ги евакуира Американците од Израел

Ерусалим, 17 јуни 2025 (МИА) - Амбасадата на САД во Ерусалим денеска соопшти дека во овој момент не е во можност да ги евакуира Американците од Израел или директно да им помогне да ја напуштат земјата.

Амбасадата соопшти дека денеска ќе биде затворена и им наложи на сите вработени во американската влада и нивните семејства да останат во засолништа во близина на нивните домови до понатамошно известување.

Во меѓувреме, Иран ги продолжи своите ракетни напади врз Израел.

Израелските одбранбени сили соопштија дека Техеран испалил помалку од десет балистички ракети преку ноќ, објави „Тајмс оф Израел“, додавајќи дека ова е значително помалку отколку во претходните ноќи.

Се известува дека цели во централен и северен Израел биле погодени кратко по полноќ, како и помеѓу 3:30 и 4:30 часот по локално време. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан