• сабота, 06 декември 2025

Ал Итихад сака да го ангажира Тилеманс

Ал Итихад сака да го ангажира Тилеманс

Бирмингем, 19 јули 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Астон вила, Јури Тилеманс, би можел да се пресели во Ал Итихад, објавија англиските медиуми.

Саудискиот клуб е заинтересиран за 28-годишниот Белгиец и го смета за приоритетен трансфер ова лето. 

Астон вила е подготвена да размисли за продажба на играчот доколку добие соодветна понуда.

Тековниот договор на Тилеманс е до 2027 година. 

„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 38 милиони евра.

Во сезоната 2024/25, Тилеманс одигра 53 натпревари во сите натпреварувања, постигна пет гола и направи 10 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан