• понеделник, 08 јули 2024

Ал Ахли ќе му понуди на Осимен договор од 175 милиони евра за пет години

Ал Ахли ќе му понуди на Осимен договор од 175 милиони евра за пет години

Ријад, 6 август 2023 (МИА) - Ал Ахли подготвува нова понуда за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, пишува „Il Mattino“.

 

Претходно беше објавено дека Наполи одбил понуда од 120 милиони евра, бидејќи сака да добие 200 милиони за 24-годишниот Нигериец. Сега саудискиот клуб е подготвен да достави нова понуда, а на самиот Осимен ќе му биде понуден петгодишен договор со плата од 35 милиони евра по сезона (175 милиони евра за пет години).

 

За да го задржат напаѓачот, наполитанците можат да му понудат рекорден договор. Претходно ниту еден играч на Наполи не добивал повеќе од 7 милиони евра годишно.

 

Осимен минатата сезона забележа 39 настапи за Наполи во сите натпреварувања, постигнувајќи 31 гол и пет асистенции. Тој стана најдобар стрелец во Серија А. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан