• недела, 19 мај 2024

Ал-Хилал заинтересиран за Навас

Ал-Хилал заинтересиран за Навас

Париз, 16 август 2023 (МИА) – За голманот на Пари Сен-Жермен, Кејлор Навас, интерес покажува Ал-Хилал. 

 

Триесет и шестгодишниот Костариканец минатата сезона ја мина на позајмица во англискиот клуб Нотингем Форест. 

 

Во парискиот клуб Навас сега е со статус на трет голман – по Џанлуиџи Донарума и Арнау Тенас. 

 

Навас има уште една година од договорот со ПСЖ. Претходно беше објавено дека клубот е заинтересиран да го продаде, како и другите позајмени играчи. 

 

Ал-Хилал веќе го купи Нејмар од Пари Сен-Жермен ова лето и е заинтересиран за уште еден фудбалер на парижаните, Марко Верати. зс/ 

 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан