• понеделник, 14 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ал-Хелаифи: Горд сум за освоениот трофеј, Лига 1 е една од најсилните во Европа

Ал-Хелаифи: Горд сум за освоениот трофеј, Лига 1 е една од најсилните во Европа

Париз, 6 април 2025 (МИА) - Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи е среќен за освоената титула во домашното првенство.

Парижаните вчера со победата над Анже, по само 28. коло го обезбедија шампионскиот трофеј во Лига 1. 

- Неизмерно сме горди што сме шампиони во Лига 1, една од најсилните лиги во Европа.
Честитки до сите играчи, нашиот тренер Луис Енрике, нашиот спортски советник Луис Кампос и целиот наш персонал кој заврши неверојатна работа. Ова е одличен момент за сите наши фанови во Франција и во странство, како и за градот Париз, изјави Ал-Хелаифи.

Парижаните го освоија францускиот шампионат по рекорден 13. пат. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан