Алфред Молина повторно како д-р Октопус во „Спајдермен“
- Тој го глумеше истиот негативец и во вториот „Спајдермен“ филм со Тоби Мегвајер во насловната улога, од 2004 година.
Лос Анџелес, 9 декември 2020 (МИА) - Алфред Молина ќе ја повтори улогата на д-р Октопус во третиот дел од новиот серијал „Спајдермен“ филмови со Том Холанд во насловната улога.
Молина го глумеше истиот негативец и во вториот „Спајдермен“ филм со Тоби Мегвајер во насловната улога, од 2004 година. Има гласини и дека Мегвајер ќе има своја улога во новиот филм, но тоа сѐ уште не е потврдено.
Премиерата е закажана за следниот декември. си/сд/