• четврток, 04 јули 2024

Алонсо пред финалето на ЛЕ: Најважен ќе биде менталитетот

Алонсо пред финалето на ЛЕ: Најважен ќе биде менталитетот

Даблин, 22 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Баер, Чаби Алонсо ги сподели своите очекувања за финалето на Лигата на Европа против Аталанта.

- Знаеме дека во изминатите пет години Аталанта, под водство на Гасперини, се здоби со многу препознатливо лице. Запознаени сме со овој тим, но тој продолжува да се развива. Игравме против слични противници во Германија и најважен ќе биде менталитетот. Имаме план за игра, но играчите се уште ја чувствуваат истата славеничка атмосфера што не придружуваше во саботата кога ја славевме титулата. Сакаме да продолжиме во истиот дух. Ништо не сменивме на подготовките. Оваа сезона одигравме 51 натпревар, разговаравме многу пати, а играчите имаат разбирање како точно да се подготват. Наша задача е да победиме во следните два натпревари. Пред натпреварите од Лига Европа трениравме пенали цела сезона. Сè уште не ни беа потребни, но во последните три финалиња... Никогаш не се знае со сигурност, изјави Алонсо.

Финалето на Лига Европа ќе се игра вечер во Даблин со почеток во 21 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан