Ал-Наср го отпушти главниот тренер Стефано Пиоли
- Главниот тренер на Ал-Наср, Стефано Пиоли, е отпуштен, објави прес-службата на саудискиот клуб.
Ријад, 25 јуни 2025 (МИА) - Главниот тренер на Ал-Наср, Стефано Пиоли, е отпуштен, објави прес-службата на саудискиот клуб.
Стручњакот и неговиот персонал исто така го напуштија тимот.
Италијанецот го презеде раководењето со Ал-Наср во септември 2024 година. Под негово водство, тимот го освои третото место на табелата во првенството на Саудиска Арабија и стигна до полуфиналето на Азиската Лига на шампиони, каде што загуби од јапонскиот Кавасаки со резултат од 2:3.
Претходно, имаше информации дека Пиоли се разделува од клубот поради несогласувања со ѕвездата на тимот, Кристијано Роналдо.
Се очекува Пиоли да се врати во Италија и да го преземе тимот на Фиорентина. дс
Фото: Архива