• недела, 22 декември 2024

„Ал-Кахера Њуз“: Преговорите за примирје во Појасот Газа вчера траеле над седум часа

„Ал-Кахера Њуз“: Преговорите за примирје во Појасот  Газа вчера траеле над седум часа

Доха, 16 август 2024 (МИА) – Разговорите на првиот ден од новата рунда преговори за постигнување примирје во Појасот Газа, што почна вчера во катарската престолнина Доха, траеле повеќе од седум часа, јави египетската телевизија „Ал Кахера њуз“, повикувајќи се на високо позициониран  извор.

Според него, сите учесници изразиле желба да се постигне договор и разговорите да продолжат и денеска.

Египетската делегација ја потврди својата волја за брзо изнаоѓање решение за запирање на конфликтот и ослободување на заложниците кои ги држи палестинското движење Хамас и Палестинците затворени во израелските затвори.

Според изворот, на првиот ден од преговорите се разговарало за сите спорни прашања, а денеска ќе се разговара за механизмите за спроведување на евентуалниот договор.

Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за немањето напредок во преговорите. Тел Авив испрати свои претставници во Доха за учество во разговорите со посредниците од Катар, Египет и САД. Хамас одби да испрати преговарачки тим, но и натаму се отворени каналите за комуникација со движењето, чиј главен преговарач Калил ал Хаја има седиште во главниот град на Катар. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан