• недела, 22 декември 2024

Алкараз го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон

Алкараз го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон

Лондон, 16 јули 2023 (МИА) – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон 2023. Денешниот меч беше решен по пет сета и траеше  4 часа и 42 минути.

 

Србинот ги доби првиот (6:1) и четвртиот сет (6:3), додека првиот светски рекет беше поуспешен во вториот на тајбрејк (8:6), во третиот (6:1) и во решавачкиот петти сет (6:4).

 

Алкараз по втор пат во кариерата освои Грен слем, а прв пат се искачи на тронот на Вимблдон.

 

Ѓоковиќ не успеа да стигне до 24-та Грен слем титула и повторно не направи „календарскиот шлем“. 

 

Ова беше прв пораз на Ѓоковиќ на трева во последните пет години. 

 

Вкупниот награден фонд на Вимблдон изнесуваше 57,3 милиони долари. зс/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан