• понеделник, 23 декември 2024

Алијанса за Албанците: ВМРО-ДПМНЕ меѓу нас нема да најде вазален партнер

Алијанса за Албанците: ВМРО-ДПМНЕ меѓу нас нема да најде вазален партнер
Скопје, 24 јули 2022 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ меѓу нас нема да најде вазален партнер каков што го имаше некогаш ДУИ, која сега го има истото вазалство кон СДСМ, велат од Алијанса за Албанците реагирајќи на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека има дилема околу тоа дека опозициските партии на Албанците се во опозција, бидејќи не биле критички настроени кон власта. - Алијанса за Албанците од самиот почеток ја покажа својата позиција за интегративниот процес на земјата и за тоа што се нарекува француски предлог. Алијанса за Албанците им припаѓа само на Албанците и на народот и одговара само пред народот, се наведува во реакцијата на Алијанса за Албанците. фф/вг/  

Остани поврзан