Алиспахиќ: Сите издадени лиценци на „Беса Транс“ се оригинални и вистински
- Правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ“, оние наводи кои што се тврдат дека наводно употребиле лажна исправа со цел да се преминуваат гранични премини на нашата држава, во целост ги поби претста
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ“, оние наводи кои што се тврдат дека наводно употребиле лажна исправа со цел да се преминуваат гранични премини на нашата држава, во целост ги поби претставникот, од причина што описот на самите дејствија во обвинението не го кажува истото, бидејќи сите издадени лиценци на мое прашање потврдија дека се оригинални и вистински за повеќе возила кои што ги поседува „Беса Транс“, изјави адвокатот Асмир Алиспахиќ.
Бранителот на обвинетиот сопственик и управител на „Беса Транс“ по сведочењето на претставникот на Министерството за транспорт и врски кажа дека обвинетите не направиле лажна исправа.
- Оттука, станува јасно дека ниту првообвинетиот, а ниту второобвинетиот, ниту направиле лажна исправа, ниту преправиле лажна исправа и да ја употребуваат или користат истата, а најмалку да употребат лажна исправа која што би била употребена во делот на преминување на граничните премини, рече тој.
Во однос на новинарското прашање каков извод имало возилото, дали го користел истиот кој што ги користеле останатите пет возила, тој одговори дека тоа е прашање за истражните органи, поточно за Царинската управа.
Бранителот посочи дека автобусот е купен во 2020 година, во време на ковид-кризата.
- Оттука, до моментот на настанот, според моите сознанија, сопственикот и управителот во неколку наврати се обидувал да се стекне со тој извод кој што е неопходен со цел да го има како моторно возило, физички изводот од лиценца, но, тоа не значи дека истото возило преминувало со лиценца која што е непостоечка и неважечка, рече тој.
Според него, она што теоријата и она што одбраната го тврди, а согласно описот на обвинителниот предлог, воопшто не може да опстане.
- Од причина што во ниту еден момент од она што денеска го кажа претставникот на Министерството за транспорт и врски е дека истиот ниту направил, ниту употребил како лажна исправа за да поминуваат возилата во сопственост на „Беса Транс“, напротив, сите изводи од лиценца се постоечки се важечки во конкретната ситуација, рече тој.
Обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител на „Беса Tранс“, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува за виновен за „фалсификување исправа“. Застапникот на правното лице „Беса Транс“, Шабан Хоџа, исто така, изјави дека не се чувствува виновен за истото дело кое му се става на товар.
Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.
Судењето продолжува на 23 декември.ар/aa/