• недела, 22 декември 2024

Алвеш го собори рекордот на Барселона, играјќи во Ла Лига со 38 години и 247 дена

Алвеш го собори рекордот на Барселона, играјќи во Ла Лига со 38 години и 247 дена
Гранада, 8 јануари 2022 (МИА) – Бразилецот Дани Алвеш постави нов рекорд во Барселона. Тој се најде во почетниот состав на Каталонците на вечерашниот дуел со Гранада и со 38 години и 247 дена стана најстариот играч кој настапувал за каталонскиот гигант во шпанското фудбалско првенство. Барселона води со 1:0, а токму Алвеш беше асистент при постигнување на голот на Де Јонг во 57.минута. Овој натпревар е во рамките на 20. коло од Ла Лига. Бразилецот го надмина голманот Хозе Пинто, кој за Барселона играше со 38 години и 190 дена, на 17 мај 2014 година против Атлетико Мадрид. зс/

Остани поврзан