• петок, 05 декември 2025

Албанците најбројни странци во британските затвори

Албанците најбројни странци во британските затвори

Тирана, 18 август 2025 (МИА) - Според британското министерство за правда бројот на Албанци во затворите се зголемува, така што остануваат странска националност со најголем број затвореници во Англија и Велс, објави Топ чанел.

Според телевизијата моментно има 1.193 Албанци кои издржуваат казни во британските затвори. 

-Овој тренд се зголемува од година во година: Во 2015 година, Албанците беа рангирани на шесто место, следната година на петто место, во 2017 година, тие беа на трето место . Во 2018 година, на второ место со од 2019 година, тие го држат првото место, зад Полјаците, Романците и Литванците, наведува телевизијата.

Од вкупниот број затвореници, 20 се осудени за убиство, меѓу нив е и Кочи Селамај од Елбасан, осуден на 36 години затвор, што се смета за највисоката казна што некогаш му е изречена на Албанец во Англија. вт

Фото: принтскрин Топ чанел

 

Остани поврзан