• сабота, 23 ноември 2024

Албанската полиција спречи шверц на добиток од македонска на албанска територија

Албанската полиција спречи шверц на добиток од македонска на албанска територија

Дебар, 5 ноември 2023 (МИА) - Албанската гранична полиција спречила обид за шверц на добиток од македонска на албанска територија преку зелениот појас на границата кај Дебар.

Приведени се две лица, жители на селото Маќелари, кое е во  близина на албанско-македонската граница, кај преминот Блато.

-Приведени се Ф.З.(55) и П.Х.(51) , двајцата жители на Маќелари,  кои беа фатени од страна на граничната полиција  додека превезувале неколку грла крупен добиток без соодветна документација, кој го прошверцувале преку зелената граница со Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

Двајцата ќе одговараат пред Обвинителството и судот во Пешкопеја.

Според албанските медиуми, во истрагата ќе соработуваат со македонските колеги со цел откривање на лицата вмешани во нелегалната трговија со добиток. Додаваат дека поради повисоката цена на месото во Албанија  зачестени се обидите за шверц на добиток. вт/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан