• понеделник, 06 мај 2024

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари и уапси двајца Италијанци

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари и уапси двајца Италијанци

Тирана, 26 април 2024 (МИА) – На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. вт/ми/

Фото: Албанска полиција

Остани поврзан