• понеделник, 25 ноември 2024

Албанската полиција запленила оружје и муниција кое требало да биде пренесено во Северна Македонија

Албанската полиција запленила оружје и муниција кое требало да биде пренесено во Северна Македонија

Тирана, 14 јули 2023 (МИА) - Полицијата од албанскиот град Поградец запленила арсенал оружје и воена муниција, што требало да бидат прошверцувани во Северна Македонија, соопшти полицијата.

- Финализирана е акцијата „Старова" во која запленети се лесен митралез, автоматско огнено оружје, две полуавтоматски пушки, значителна количина боева муниција, реденик за миталез со 30 куршуми, рачни гранати, подвижни делови од пушката. Истите се одземени како материјален доказ, стои во полициското соопштение.

Оружјето и муницијата се пронајдени во штала за добиток, до куќата на 40 - годишен жител на селото Старова кај Поградец, претходно осудуван за „производство и продажба на наркотици".

- Од спроведената истрага постојат основи на сомнение дека оружјето и миницијата уапсеното лице ќе го транспортира во правец на Северна Македонија. Продолжува работата на целосно документирање на оваа незаконска дејност, наведува полицијата.

Случајот е предаден на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Корча. вт/вг/


Фото: албанска полиција Фб

Остани поврзан