• понеделник, 23 декември 2024

Албанија: ЕУ и ОБСЕ го поздравија договорот на власта и опозицијата за изборните реформи

Албанија: ЕУ и ОБСЕ го поздравија договорот на власта и опозицијата за изборните реформи
Тирана,14 јануари 2020 (МИА) - Мисиите на Европската унија и на ОБСЕ во Тирана експресно реагираа по постигнатиот договор меѓу власта и опозицијата за изборните реформи,оценувајќи го како многу значаен чекор. Амбасадорот на делегацијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца рече дека ова е важно достигнување за враќање на политичката стабилност во Албанија и во контекст на процесот на интеграција на Албанија во ЕУ. - Веруваме дека сите партии ќе продолжат да работат заедно за навреме да ја завршат изборна реформа што ќе ја усвои Парламентот, во полза на албанските граѓани и нивната европска иднина, оцени Сореца. Мисијата на ОБСЕ оценува дека договорот е важен чекор кон сеопфатна изборна реформа до 2021 година. - Овој договор го гледаме како важен прв чекор кон сеопфатна и навремена реформа што ќе ги опфати сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР во корист на сите албански граѓани. Подготвени сме да продолжиме да придонесуваме во процесот за изборни реформа во согласност со мандатот, се наведува во реакцијата на мисијата на ОБСЕ во Тирана. По долгата и длабока политичка криза во која западна Албанија, првпат претставници на владејачкото мнозинство и опозицијата седнаа на заедничка маса за изборните реформи што ги бара ЕУ. При тоа се договорија дека ова прашање треба да биде заокружено до 15март годинава. вт/ми/

Остани поврзан