• петок, 20 декември 2024

Албанија ќе лобира за прием на Косово во Советот на Европа

Албанија ќе лобира за прием на Косово во Советот на Европа
Тирана, 21 мај 2022 (МИА) - Претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола на средбата со делегацијата на косовското Собрание во Тирана вети дека ќе лобира во сите парламенти на земјите членки на Советот на Европа за поддршка на пристапот на Косово во таа организација, пренесува Газете експрес. Делегацијата на Собранието на Косово, составена од потпретседателката Саранда Богујевци и пратениците Аријана Муслиу Шоши и Арбен Гаши, се сретнаа со претставници на албанскиот парламент во Парламентарното собрание на Советот на Европа. „На овие топли и пријателски средби се разговараше и за натамошно зајакнување на соработката меѓу двата парламента, во рамките на секојдневните парламентарни активности“, се вели во соопштението од Собранието. На средбата се разговарало и за интензивирање на ангажманот и на парламентите и на делегациите во Парламентарното собрание на Советот на Европа, само неколку дена по поднесувањето на апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа. ссм/

Остани поврзан