• петок, 20 декември 2024

Албанија го поздрави постигнатиот договор меѓу Србија и Косово

Албанија го поздрави постигнатиот договор меѓу Србија и Косово
Тирана, 27 август 2022 (МИА) - Албанија го поздрави постигнатиот договор меѓу Србија и Косово за документите, оценувајќи го како добра вест за регионот од која полза имаат и Албанците и Србите.
Премиерот Еди Рама им честиташе на двете страни велејќи „секоја чест за двете страни, едноставно логични работи", јави дописничката на МИА од Тирана.
- Добри вести, решавање на прашањето за слободно движење меѓу Србија и Косово преку дијалог, и со честитки до двете страни. Се надевам дека ваквиот развој на настаните ќе го подигне дијалогот на ново ниво, за да не се троши бескрајно време и енергија во постигнувањето на нештата кои едноставно се логични како ова денес, напиша Рама.
Постигнатиот договор го поздрави и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка.
Преку објава на Твитер Џачка пишува дека договорот е добра вест за регионот и дека Косово и Србија имаат договор од кој корист имаат и Албанците и Србите. вт/паг/

Остани поврзан