• понеделник, 23 декември 2024

Акции на финансиската полиција во повеќе градови, како резултат од повеќемесечната постапка за „Синџир“

Акции на финансиската полиција во повеќе градови, како резултат од повеќемесечната постапка за „Синџир“

Скопје, 2 ноември 2023 (МИА) - Управата за финансиска полиција денеска информира дека во текот на оваа недела спровела акции во повеќе градови низ државата, како резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.

- Дополнително сакаме да ја известиме јавноста дека првопријавениот кој воедно е еден организаторите на злосторничкото здружување, е обезбеден од страна на Управата за финансиска полиција, изведен пред суд при што од страна на Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција. цр/нд/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан