• сабота, 10 август 2024

Активно портокалово ниво, од среда облачност и услови за локален пороен дожд

Активно портокалово ниво, од среда облачност и услови за локален пороен дожд
Скопје, 22 јули 2022 (МИА) - До среда, 27. јули подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Од УХМР информираат дека на целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. И во Скопското подрачје до крајот на овој период ќе биде многу топло и ќе биде активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. Како што најавуваат од УХМР, в среда во попладневните и вечерните часови ќе има зголемена облачност и услови за локален пороен дожд и грмежи. цр/аа/

Остани поврзан