• сабота, 23 ноември 2024

Активен пожарот кај Брезница во Македонски Брод

Активен пожарот кај Брезница во Македонски Брод

Македонски Брод, 6 август 2024 (МИА) - Пожарот кај селата Брезница и Тажево во Македонски брод е активен 20-тина дена и уништува борова шума на големи површина. На терен се пожарникарите, припадниците на АРМ, странските доброволци и хеликоптерската поддршка. Засега стихијата е далеку од викенд населбата.

-Во однос на селото Брезница, имаме едно противпожарно возило со двајца пожарникари кои го обезбедуваа теренот. Всушност, цела ноќ се дежураше пожарот да не префрли во селото. Пристигнуваат две возила со припадници на АРМ. Просторот е надлетан, пожарот е локализиран. Ќе имаме поддршка од воздух за пламените да не се префлат преку појасот. Во однос на викенд-населбата, изутрината имаше надлетување од хеликоптерските единици. Пожарот е сѐ уште далеку, сега станува збор за деградирана шума. И таму ќе имаме поддршка од воздух во текот на денот. Инаку, унгарските специјални единици се веќе упатени. Тие ќе направат соодветен појас за да може да се обезбеди викенд –населбата, изјави градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески.

Пожарот кој вчера избуцвна кај селото Слартина, синоќа е ставен под контрола и локализиран, но се дежура на теренот.

-Пожарот во селото Слатина уште во вечерните часови беше локализиран и ставен под контрола. Имаме двајца пожарникари кои го обезбедуваат теренот поради ветрот. Тоа е позитивната ситуација на теренот, рече Ристески.ем/бт/

Фото: МИА

Остани поврзан