• сабота, 21 декември 2024

Аксиос: Меконел нема да гo свика Сенатот порано за судењето за импичмент

Аксиос: Меконел нема да гo свика Сенатот порано за судењето за импичмент
Вашингтон, 13 јануари 2021 (МИА) - Лидерот на републиканското мнозинството во Сенатот Мич Меконел нема да свика итна седница во петок, со што се одлага почетокот на судењето на, евентуално отповиканиот претседател Доналд Трамп, најрано на 19 јануари. Меконел го информираше денеска лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, дека нема да се сложи да го свика горниот дом на американскиот Конгрес во итна постапка според надлежноста за итни дела од 2004 година. -Судењето макар да започне и утре, нема да има доволно време тој да биде отстранет од функцијата, изјави Меконел за изданието. Според реубликански извори, шансите Меконел да гласа за осуда и отстранување на Трамп од функција се повеќе од 50 отсто. Лидерите на републиканците сакаат тој да биде отстранет од партијата, но се поделени околу начинот како да се стори тоа, коментира изданието. кб/ссм/

Остани поврзан