Акропол затворен меѓу 12 и 17 часот поради високите температури
- Поради топлотниот бран и високите температури Акропол во Атина денеска ќе биде пет часа затворен во периодот меѓу 12 и 17 часот, соопштија од Министерството за култура на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 17 јули 2024 (МИА) – Поради топлотниот бран и високите температури Акропол во Атина денеска ќе биде пет часа затворен во периодот меѓу 12 и 17 часот, соопштија од Министерството за култура на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Според прогнозите денеска и утре во земјата се очекува температурата да достигне до 42-43 степени Целзиусови, од вчера во сила се вонредни мерки за заштита на вработените во приватниот и државниот сектор, а меѓу другото за оние кои работат на отворено предвиден е прекин со работа во периодот од 12 до 17 часот.
Во текот на вчерашниот ден највисока температура, 41,5 степени, согласно податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, била регистрирана во западниот дел на Грција, а деветти ден по ред максималната температура биле над 40 степени.
Од 507 активни автоматски метеоролошки станици, 168 регистрирале температури над 37 степени. ср/рп/