• понеделник, 23 декември 2024

Азири: Предлог-законот за државајнство в понеделник ќе го доставиме до владиното мнозинство

Азири: Предлог-законот за државајнство в понеделник ќе го доставиме до владиното мнозинство
Скопје, 23 април 2021 (МИА) - Нашиот дел околу законот за државјанство е завршен, останаа само неколку технички интервенции и в понеделник на пратеничката група на СДСМ и на владиното мнозинство ќе им ја предадеме предлог-верзијата и очекуваме евентуално некоја забелешка, истакна денеска пратеникот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Елми Азири на денешна прес-конференција во Собранието. Азири изјави дека во текот на следната недела е можно да се одржи средба на претседателите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши со премиерот Зоран Заев. - Нашиот дел е завршен, да го видиме нивниот одговор и верувам дека во најкраток можен период ќе се процесуира во Парламентот. Нашиот дел е завршен, па да го видиме нивниот одговор. Ние имаме разговарано со премиерот Зоран Заев. На првата средба присуствуваше и претседателот на пратеничката група на СДСМ и верурам дека не е многу важно на кого ќе му го доставиме предлогот, бидејќи на крајот на краиштата и премиерот Заев ја претставува Владата, мнозинството, но и парламентарните групи. Најважно е ние нашиот завршен дел од работата да го доставиме до страната со која сме преговарале. Во понеделник ќе до доставиме предлогот што го составивме и во најкраток можен период очекуваме одговор и да го процесуираме понатаму, рече Азири. фф/сп/

Остани поврзан