Азески на седница на УО на Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан (КИФ)
- Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска, преку конференциска врска, учествуваше на седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум на зем
Скопје, 2 февруари 2023 (МИА) - Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска, преку конференциска врска, учествуваше на седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан (КИФ), што се одржа во просториите на Стопанската комора на Црна Гора во Подгорица.
На седницата, претседателите на шесте стопански комори од регионот и членови на КИФ (Стопанската комора на Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово) дискутираа за старетешките документи за работа на КИФ кои се поврзани со инвестициските политики во регионот на Западен Балкан, како и за потенцијалите за зголемување на атрактивноста на регионот како инвестициска дестинација.
Во таа насока, на седницата се расправаше за планираните активноси кои оваа година ќе бидат насочени кон подобрување на конкурентноста на компаниите во регионот за водење на бизнис на единствениот пазар на ЕУ и на трети пазари, полесен пристап до програмите и фондовите на ЕУ, подобрување на законската рамка за водење на бизниси, намалување на даночните и на неданочните обврски на компаниите, хармонизација на образованиот систем со реалните потреби на пазарот на труд, како и за дигиталната трансформација.
Коморскиот инвестициски форум, со седиште во Трст е институција основана во 2015 година во рамките на Берлинскиот процес инициран од канцеларката Ангела Меркел, и претставува глас на приватниот сектор од регионот, застапувајќи 350.000 компании од подрачјето на Западен Балкан. мч/вг/