• недела, 22 декември 2024

Аеродром, Карпош и Центар остануваат општини со најголем број активни случаи на Ковид

Аеродром, Карпош и Центар остануваат општини со најголем број активни случаи на Ковид

Скопје, 25 октомври 2020 (МИА) - Најновите податоци што вечерва ги објави Министерството за здравство покажуваат дека Скопје останува град со најголем број на активни случаи на Ковид-19 од кои најмногу има во Аеродром, Карпош и Центар.

Во Аеродром се регистрирани 699 активни случаи, во Карпош 547 и во Центар 519. Потоа следуваат Гази Баба со 450 и Кисела Вода со 417 активни случаи. Трицифрени бројки на активни случаи има и во Ѓорче Петров - 286, чаир -166 и Бутел с-152. Во останатите скопски општини е помал бројот на активни случаи. бак/

Остани поврзан