• понеделник, 23 декември 2024

АД МЕПСО: Се преземаат сите неопходни дејствија за утврдување на сите евентуални неправилности во работењето на претходното раководство

АД МЕПСО: Се преземаат сите неопходни дејствија за утврдување на сите евентуални неправилности во работењето на претходното раководство

Скопје, 28 август 2024 (МИА) - Новиот менаџерски тим на АД  МЕПСО ги презема сите неопходни дејствија за утврдување на сите евентуални неправилности во работењето на претходното раководство, соопштија денеска од МЕПСО.

Што се однесува до начинот на кој се донирале средства од буџетот на АД МЕПСО, како што стои во соопштението, затекнавме ситуација дека истите се распределувале без соодветни критериуми.

- Па така претходното раководство на компанијата во последните месеци од функцијата  "успеало" финансиската програма за оваа година за оваа намена да ја пречекори за околу 10 милиони денари. Ова е една од повеќето причини зошто побаравме сеопфатна  ревизија. Јавноста има право да знае како се трошеле средствата од сите буџетски програми, но апелираме на трпение додека надлежните институции постапуваат, се посочува во соопштението од АД МЕПСО. 

Новиот менаџерски тим уверува дека ќе практикува транспарентност и отчетност во сите сегменти на работењето на АД МЕПСО. цр/ев

Фото: МИА архива

Остани поврзан