• понеделник, 25 ноември 2024

АД Водостопанство: Интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок на оштетувањето на сифонот Макарија на ХМС „Тиквеш“

АД Водостопанство: Интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок на оштетувањето на сифонот Макарија на ХМС „Тиквеш“

Росоман, 28 мај 2023 (МИА) - АД Водостопанство на Република Северна Македонија, ја информира јавноста дека вчера е детектирано оштетување на сифонот Макарија на хидромелиоративниот систем Тиквеш, поради кое привремено е прекинат дотокот на вода која се користи исклучиво за наводнување на земјоделските површини.

Оттаму велат дека е завршен  увид и во моментов интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок, а се со цел враќање на системот во првобитна состојба.

- Дополнителни информации, граѓаните од регионот можат да добијат во подружницата АД Водостопанство - „Тиквеш“. За сите понатамошни активности пак, поврзани со санацијата, јавноста ќе биде навремено информирана, додаваат од АД Водостопанство. свд/аа/


Фото : МИА 

Остани поврзан