• понеделник, 23 декември 2024

Администрацијата на Бајден планира да засади над една милијарда дрва во САД

Администрацијата на Бајден планира да засади над една милијарда дрва во САД
Вашингтон, 26 јули 2022 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе засади повеќе од една милијарда дрвја на милиони хектари земја што се изгорени од пожари или уништени од лизгања на земјиштето во западниот дел на земјата. Многу шуми природно се обновуваат по пожарите, но ако пламените јазици беа премногу интензивни, тие можат да остават зад себе разорен пејзаж со децении пред дрвјата повторно да се појават таму. Американскиот Конгрес минатата година донесе закон со кој и наложува на Шумската служба да засади 1,2 милијарди дрвја во текот на следната деценија, а во април, Бајден ја задолжи истата агенција да ги направи шумите поотпорни во пожешкиот свет. Во САД годинава во пожарите изгореа 5,6 милиони хектари шума. ми/

Остани поврзан