• недела, 22 декември 2024

Адел „не е шокирана и збунета“ од реакциите по нејзиното „драматично“ слабеење

Адел „не е шокирана и збунета“ од реакциите по нејзиното „драматично“ слабеење
Лос Анџелес, 15 ноември 2021 (МИА) - Адел изјави дека „не била шокирана или згрозена“ од реакциите на нејзиното „фамозно, драматично“ слабеење. Пејачката притоа нагласи дека, всушност, не сакала да изгуби речиси 45 килограми и дека отсекогаш си го сакала телото. - Моето тело беше објективизирано во текот на целата моја кариера - дали сум „преголема“, „премногу тенка“, „згодна“ или не, вели таа кај Опра Винфри при интервјуто по повод на нејзиниот нов албум. - Никогаш не сум гледала никого низ неговата тежина. И тогаш и сега си го сакам телото. Но, не е моја работа да потврдувам како луѓето се чувствуваат околу нивните тела. А, се чувствувам лошо ако некој се чувствува ужасно за себеси, иако тоа не ме засега. Се обидувам самата да си го средам својот живот. Не можам да имам други грижи. Пејачката исто така откри дека има обичај да крева тегови во вежбалница и дека нејзиниот врв е кревањето 160 килограми. - Јас всушност, сум атлетка... Не дека се фалам, но јас сум многу добар боксер, имам левица што може да те убие, вели таа, по малку на шега. Нејзиниот нов албум, под наслов „30“ излегува оваа седмица, на 19 ноември.  си/

Остани поврзан