Адвокатот на Роналдињо: Тој е наивна будала, не знае што прави
- По скандалот со апсење на Роналдињо, еден од најдобрите светски фудбалери во првата деценија на 21 век, во јавноста се обрати и неговиот адвокатски тим
Асунсион, 8 март 2020 (МИА) - По скандалот со апсење на Роналдињо, еден од најдобрите светски фудбалери во првата деценија на 21 век, во јавноста се обрати и неговиот адвокатски тим.
- Тој е наивна будала. Не знае што прави и не го сфаќа прекршокот што го направи. Роналдињо не знале дека му се дадени лажни документи, изјави адвокатот Адолфо Марин.
Тој, исто така, рече дека судијата не го почитува фактот дека Роналдињо е татко и наместо да биде со неговиот син, кој денеска слави роденден, тој дава изјави пред судот во Парагвај.
Вториот адвокат, Ектор Касерес истакна дека наскоро ќе има состанок на кој ќе се разгледуваат наредните чекори за одбрана на славниот бразилски фудбалер.
- Роналдињо направи се, соработува и заслужува да биде пуштен во домашен притвор, нагласи Касерес. сѓд/ми/