• четврток, 13 јуни 2024

Автомобил паднал на железничка пруга во Градско, повредени пет лица

Автомобил паднал на железничка пруга во Градско, повредени пет лица
Велес, 19 јуни 2021 (МИА) - Во Градско попладнево околу 19 часот, автомобил што се движел во близина на бензиска пумпа паднал од патот на железничката пруга. Повредени се пет лица. Како што информириа за МИА д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, началник на Брза Помош, повредените по укажаната помош се пренесени во Ургентниот центар на велешката болница. Портпаролката на ЈЗУ Општа болница во Велес, Елеонора Јованова изјави дека кај сите повредени биле констатирани помали телесни повреди, по што се пуштени на домашни лекување. ад/бт/

Остани поврзан