• петок, 22 ноември 2024

Автобусот од „Во дивината“ најверојатно ќе стане музеј

Автобусот од „Во дивината“ најверојатно ќе стане музеј
Џуно, 31 јули 2020 (МИА) - Според пишувањата на некои медиуми, автобусот од книгата „Во дивината“ (Into the Wild), најверојатно ќе биде пренаменет во музеј. Тоа е оној (не)славен напуштен автобус на Алјаска - последното место каде што кампувал и починал американскиот авантурист Кристофер Меккендлс (1968 - 1992). Старото возило беше туристичка атракција за љубителите на книгата „Во дивината“ на Џон Кракауер, објавена во 1996 година, а и оние кои го сакаат филмот заснован на книгата, снимен во 2007 година. Книгата е напишана според белешките од дневникот на Меккенделс. Музејот при Универзитетот на Алјаска во Фербенкс се понуди да го преземе автобусот, откако властите минатиот месец го отстранија од местото каде што тој стоел речиси шест децении, во близина на Националниот парк Денали. Во текот на годините, стотици луѓе пристигнаа да го видат возилото во коешто младиот авантурист минал 114 дена пред својата смрт од глад во 1992 година. Оние што одлучиле да го посетат местото, се изложуваат на огромен ризик при патувањето. Две лица се удавиле додека ја преминувале реката, а други, пак, биле спасувани откако се повредиле или заглавиле на некој дел од патот. Понудата на музејот, според официјалните лица, ќе ги сочува спомените на сите оние кои побараа засолниште во автобусот, истовремено незаработувајќи од трагедиите што се случиле на тоа место. си/гт/

Остани поврзан