Автобуските постојки низ Лондон ѝ оддаваат почит на кралицата
- Портретот на покојната британска кралица Елизабета Втора е прикажан на автобуските постојки низ Лондон, додека нацијата жали за нејзината смрт.
Лондон, 9 септември 2022 (МИА) - Портретот на покојната британска кралица Елизабета Втора е прикажан на автобуските постојки низ Лондон, додека нацијата жали за нејзината смрт.
Тажната вест е споделена и на информативната табла на метростаница во Северен Гринич. Натписот ја поздравува кралицата што ѝ служеше на нацијата „со толку многу гордост“ во своето владеење. си/