• петок, 05 декември 2025

Австрискиот амбасадор во ЕУ поднесе оставка поради сомнежи за објави на мизогиниски блог

Австрискиот амбасадор во ЕУ поднесе оставка поради сомнежи за објави на мизогиниски блог

Брисел, 31 јули 2025 (МИА) - Постојаниот претставник на Австрија во Европската Унија, амбасадорот Томас Оберајтер поднесе оставка, откако виенскиот весник „Стандард“ минатата недела го обвини дека е автор на напис на блог кој поттикнува омраза, нетрпеливост и предрасуди кон жените. 

Според тврдењата на „Стандард“, Оберајтер по псевдонимот Каро и преставувајќи се како жена, на блогот експлицитно опишувал сексуален напад врз девојка во ноќен клуб. 

Оберајтер, кој е австриски амбасадор во ЕУ од 2023 година, ги негираше обвинувањата на „Стандард“, но сепак поднесе оставка. 

Австриското Министерство за надворешни работи соопшти дека откако била информирана за случајот, шефицата на дипломатијата Беате Мајнл-Рајзингер во саботата наредила истрага за наводите. 

- Во понеделникот, амбасадорот побара негово разрешување поради лични причини, информира портпарол на Министерството. 

Уште пред наводите изнесени во „Стандард“, австриската истражувачка платформа „Бездна јама“ објави дека „високо позициониран дипломат“ со години под женски псевдоним пишувал содржини на мизогиниски блог со експлицитни прикази за силувања на жени. сп/јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан