• недела, 12 мај 2024

„Авицена женска трка“ на бул. „Илинден“, сообраќаен режим од 9 до 11 часот

„Авицена женска трка“ на бул. „Илинден“, сообраќаен режим од 9 до 11 часот

Скопје, 7 април 2024 (МИА) - Во организација на Сојуз на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје, денеска претпладне во главниот град ќе се одржи 12-то издание на „Авицена женска трка“.

Стартот на трката е во 10 часот од бул. „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотос“, а учесничките ќе трчаат три километри.  Пред почетокот, во 9:40 часот, предвидено е загревање со аеробик вежби.

Поради одржување на трката, од 9 до 11 часот  ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“.

-И оваа година има голем број пријавени за трката. На сите учеснички им посакуваме среќа, соопштија организаторите на „Авицена женска трка“. хс/аа/

Фото: Сојуз на спортови на Скопје

 

 

 

 

Остани поврзан